• понеделник, 23 декември 2024

Касами го обвини Министерството за образование дека не ги исполнува обврските кон тетовската гимназија

Касами го обвини Министерството за образование дека не ги исполнува обврските кон тетовската гимназија

Тетово, 26 октомври 2023 (МИА) – Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами на прес-конференција упати критика и обвинување за незаконски постапки до Министерството за образование и наука околу одземањето на неговите ингеренции врз гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“. Тој го обвини Министерството за неправилно одземање на ингеренциите поради што се проблематизира нормалното функционирање на гимназијата.

-Една ингеренција за една работа може да се одземе два пати, но не подолго од 12 месеци. Во Министерството нашле начин како да ги одземат ингеренциите уште 12 месеци со некоја правна дефиниција дека ми ги одземаат сите надлежности во гимназијата. Заборавиле дека Општината не е само градоначалникот, Општината е Советот и градоначалникот, со поделени надлежности. Советот го усвојува буџетот, кој го реализира градоначалникот. Со тоа што на градоначалникот му ги имаат одземено ингеренциите не можат со таа одлука да реализираат буџет, затоа што буџетот е надлежност на Советот. Во тој дел тие не можат да постапат затоа што донеле незаконско решение и сега доаѓа до оваа ситуација во која не можат да ги реализираат обврските кои доброволно против законски ги зеле, истакна Биљал Касами.

Тетовскиот градоначалник смета дека поради потезите на Министерството за образование нема редовно дотации до гимназијата со што се јавуваат финансиски проблеми за установата.

-Доцни плаќање на струја исто така предупредувам и за друг проблем. Доцнат плаќања до фирмите кои вршат превоз за ученици од гимназија, како што имам информации. Министерот за образование рече дека поради тоа што по вторпат се одземаат ингеренциите, обврска на Министерството е да најде решение за раздолжување на долговите за струја во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“, па дури и призна дека не се способни да го направат ова наеднаш, ама го прават на рати, месец по месец, посочи Касами на прес-конференцијата.

Тој рече дека со ова Министерството во последно време не ги исполнува своите задачи и обврски и не обезбеди соодветна поддршка за училиштата во Тетово. Потоа потенцираше дека да била вината кај општина Тетово, ова ќе се случело и во другите училишта, но тоа не е така и наставата продолжува непречено и ефикасно.

-Значи ова е силен доказ дека ДУИ заедно со нејзиниот министер за образование и познатата директорка воопшто не се грижат за одвивање на наставниот процес, туку се занимаваат со дневна политика и клеветење на општината, но се чини дека тоа не го прават добро бидејќи се негираат сами себе си. Општина Тетово во овој период нема пуштено финансиски средства на Гимназијата, но добро е познато зошто. Бидејќи гимназијата ја води директорка која има кривична тужба за злоупотреба на средства, и истото е констатирано и од внатрешната ревизија, кои констатирале сериозни прекршувања на користењето на финансиските средствата. И поради оваа причина Општината не е заинтересирана да дава средства за да продолжат да се злоупотребуваат, рече Касами.ас/вј/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан