• четврток, 04 декември 2025

Картички за зелена нафта за земјоделците пристигнаа во Кавадарци 

Картички за зелена нафта за земјоделците пристигнаа во Кавадарци 

Кавадарци, 19 септември 2025 (МИА) - Картички за зелена нафта за земјоделците пристигнаа во Кавадарци, а треба да ги подигнат 4.928 земјоделски производители од кавадаречка и росоманска општина. За ова попладнево информираа од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. 

 - Се работи за мерката 8, „Помош за поддршка на трошоците за набавка на гориво за земјоделска механизација“. Корисници на оваа мерка се земјоделските стопанства што имаат поднесено единствено барања за финансиска поддршка во земјоделството во 2024 година, за директни плаќања по обработливa земјоделска површина за сите поледелски култури, градинарство и цвеќе на отворено и во пластеници, овошни и лозови насади, појаснија од подрачната единица во Кавадарци. 

Во зависност од земјоделските култури, се работи за поддршка што достигнува и до 12 илјади денари по хектар. свд/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан