• петок, 22 ноември 2024

Картички за „зелена нафта“ досега подигнале околу 40 отсто од земјоделците во Кочанско

Картички за „зелена нафта“ досега подигнале околу 40 отсто од земјоделците во Кочанско

Кочани, 19 септември 2024 (МИА) По две недели од почетокот на распределбата на картичките за „зелена нафта“, околу 40 отсто од земјоделците во Кочанско се јавиле во Подрачната единциа на Министерството за земјоделство и веќе ги подигнале.

Обврска на земјоделските производители е подигањето на паричните картички да го направат лично, при што треба да приложат документ за идентификација.

=До сега 1.100 земјоделци од општините Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево ги подигнаа вредносните ваучери, а беа поднесени околу 2.800 барања. Со картичките ќе може да набават гориво на која било бензинска пумпа на „Макпетрол“, најдоцна до 30 април следната година. Доколку им преостанат средства што не ги искористиле, по тој рок ќе им бидат блокирани. Земјоделците може да ги подигаат картичките секој работен ден до 16:30 часот, при што може да ги земат и на последниот ден од нивната важност, но сумата треба да ја потрошат веднаш, истакна Драгољуб Никовски, раководител на Подрачната единица за земјоделство во Кочани.

За да може да ја добијат финансиската поддршка за дизел горивото, услов е земјоделците да ги имаат платено обврските за воден надоместок кон водостопанското претпријатие.

Од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој посочија дека на територијата на државата изработени се вкупно 44.704 картички со вредност од 493.282.867 денари.

Мерката „Зелена нафта“ за прв пат беше воведена во 2019 година. та/сст/

фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан