• сабота, 29 јуни 2024

Каролина Бjелавска од Полска е новата Мис на светот

Каролина Бjелавска од Полска е новата Мис на светот
Сан Хуан, 17 март 2022 (МИА) - Каролина Бjелавска од Полска победи на 70. издание на изборот за Мис на светот. Прва придружничка Мис на Северна и Јужна Америка, Шри Саини, оф САД, а втора придружничка  е Мис Африка, Оливија Јејс, од Брегот на Слоновата Коска. „Мис на светот 2021“ се одржа во Музичката сала „Кока-кола“ во Сан Хуан, Порторико. Натпреварот бил првично закажан за крајот на 2020 година, но одложен поради корона-пандемијата - затоа беше одржан дури денеска. Тони-Ен Синг од Јамајка ја круниса Каролина Бјелавска како нејзина наследничка. Во однос на континенталните победнички, Мис Европа е Ана Лич од Северна Ирска, Мис на Азија и Океанија е Карла Јулес, а Мис Кариби е Порториканката Арјам Дијаз.  си/

Остани поврзан