• вторник, 25 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Карневалските маски „Холандија на дланка“ и „Разиграни сложувалки“ учествуваа на Фестивалот на мимозата во Херцег Нови

Карневалските маски „Холандија на дланка“ и „Разиграни сложувалки“ учествуваа на Фестивалот на мимозата во Херцег Нови

Струмица, 23 февруари 2025 (МИА) - Карневалските маски „Холандија на дланка“ на ООУ „Видое Подгорец“ и „Разиграни сложувалки“ на Здружението за песни и ора „Фолклорна низа“ учествуваа на карневалот во Херцег Нови, Црна Гора, кој се одржува во рамките на Фестивалот на мимозата.

Настапот на двете карневалски групи предизвика голем интерес не само кај публиката, туку и кај тамошните медиуми и уште еднаш се потврди високото ниво на креации по кое Струмичкиот карневал е познат и признат и надвор од нашата земја.

За двете струмички карневалски групи, како и за раководството на струмичкиот карневал, беше организиран прием во вилата „Галеб“ во Игало, која ја користеше Јосип Броз Тито во времето на поранешната СФРЈ.

Инаку, годинашното осумдневно издание на Интернационалниот струмички карневал почнува в среда, а главната карневалска вечер ќе се одржи на 1 март, в сабота. рт/дма/

Фото: Карневалски групи

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан