• понеделник, 23 декември 2024

Кармин од 14 милиони долари

Кармин од 14 милиони долари

Лос Анџелес, 16 септември 2022 (МИА) - Карминот „Х. Кутур бјути дајмонд“ е, веројатно, најскапиот во светот наводно чини дури 14 милиони долари.

Брендот „Х. Кутур бјути дајмонд“ е основан 2006 година од Тајша Смит Валез и стана синоним за луксузна шминка. Важно е да се напомене дека овој кармин е најскап единствено поради неговото пакување што е направено од 18-каратно злато и украсено со дијаманти. Брендот соопшти дека првата верзија на паковката била обложена со дијаманти само оздола, но анонимниот купувач побарал кутијата што ѝ ја купил на сопругата да биде целосно прекриена со дијаманти. Компанијата дополнително ѝ вети на жената дека секогаш кога ќе го потроши карминот ќе добие бесплатно дополнување. Сепак, „Лист“ (The List) наведува дека интернет-страницата на брендот оттогаш е затворена и оти компанијата можеби престанала со работа. Многумина поради тоа, сметаат дека сѐ тоа било само една „генијална измама“. Инаку, „Том Форд“, „Хермес“ и „Кристијан Лубутин“ се дел од компаниите кои ги произведуваат најскапите кармини во светот.  си/ми/

Остани поврзан