• четврток, 18 јули 2024

Кармело Ентони: Ние со Леброн, Пол и Вејд сонувавме да играме за истa екипа

Кармело Ентони: Ние со Леброн, Пол и Вејд сонувавме да играме за истa екипа
Портланд, 21 април 2020 (МИА) – Кошаркарот на Портланд, Кармело Ентони, преку социјалните мрежи ја кажа заедничката желба што ја имал тој и неговите пријатели и кошаркарски ѕвезди Леброн Џејмс, Крис Пол и Двејн Вејд. - Ние со Леброн, Пол и Вејд сонувавме да играме во ист тим, изјави Ентони. Ентони, Џејмс, Пол и Вејд се познати како Банана брод тим. Нив почнаа да ги нарекуваат така по познатиот заеднички одмор и возење на „банана“ на Бахамите. Токму на тој одмор Леброн го спасил Ентони кого при едно пливање морската вода почнала да го носи на отворено. зс/

Остани поврзан