• понеделник, 23 декември 2024

Карлоган ја напушти клупата на Хајдук, пред заминување и Трајковски

Карлоган ја напушти клупата на Хајдук, пред заминување и Трајковски

 

Сплит, 8 април 2024 (МИА) – Хрватскиот прволигаш Хајдук ја раскина денеска соработката со тренерот Мислав Карлоган (41), а според написите во хрватскиот печат пред заминување од сплитскиот клуб е и македонскиот фудбалски репрезентативец Александар Трајковски (31).

Разрешувањето на Карлоган доаѓа по елиминацијата на Хајдук во полуфиналето на хрватскиот Куп, како и серијата од три порази во првенството кои драстично ги намалија шансите на клубот од Сплит за освојување на шампионската титула.

На девет кола до крајот на хрватското првенство, Хајдук е третопласиран на табелата со 55 бодови, десет помалку од лидерот Риека.

Дел од хрватските медиуми објавија дека на Хајдук му претстои и целосна реконструкција на играчкиот кадар, а според истите извори, сплитскиот клуб на крајот од сезоната ќе ја раскине соработката со македонскиот репрезентативец Александар Трајковски,

Македонецот одигра само 10 натпревари и постигна еден гол откако му се приклучи на Хајдук во септември лани, кога потпиша договор до лето 2025 година. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан