• понеделник, 23 декември 2024

Кари ќе добие 215 милиони долари за новиот четиригодишен договор

Кари ќе добие 215 милиони долари за новиот четиригодишен договор
Сан Франциско, 1 јуни 2021 (МИА) – Првата ѕвезда на Голден Стејт, Стеф Кари има право по завршувањето на сезоната да го продолжи договорот со клубот на четири години и да заработи 215 милиони долари. Според инсајдерот на „Атлетик“, Маркус Томпсон, Кари има намера да остане со Вориорс. -Кари ќе потпише продолжување. Тој планира да остане со Вориорс уште четири или пет години. Тој би сакал да го продолжи договорот за четири години. Значи, ќе биде во тимот уште пет години по оваа сезона, изјави Томпсон. Триесет и тригодишниот Кари, би можел да биде првиот играч во историјата на НБА кој потпишал два последователни договори од 200+ милиони долари. зс/

Остани поврзан