Карерас ќе добие повик во репрезентацијата на Шпанија
- Одбранбениот фудбалер на Реал Мадрид, Алваро Карерас, ќе добие повик во репрезентацијата на Шпанија за претстојниот тренинг камп, објави „Марка“.
Мадрид, 21 септември 2025 (МИА) – Одбранбениот фудбалер на Реал Мадрид, Алваро Карерас, ќе добие повик во репрезентацијата на Шпанија за претстојниот тренинг камп, објави „Марка“.
Според шпанскиот спортски портал, 22-годишниот Карерас со прикажаните игри го импресионирал селекторот на репрезентацијата, Луис де ла Фуенте.
Дефанзивецот ќе има шанса да се етаблира во националниот тим пред Светското првенство во 2026 година.
Карерас се приклучи на Реал Мадрид во јули 2025 година од Бенфика. зс/
Фото: ЕПА