• сабота, 21 декември 2024

Карванот „Рамо до рамо“ во Кавадарци, Неготино и Демир Капија: Членството во ЕУ носи европски стандарди и отвора нови пазари

Карванот „Рамо до рамо“ во Кавадарци, Неготино и Демир Капија: Членството во ЕУ носи европски стандарди и отвора нови пазари

Скопје, 13 април 2023 (МИА) - СДСМ со своите визионерски, државнички и храбри одлуки обезбеди членство во НАТО и обезбеди почеток на преговорите со ЕУ по 17 години минати во чекалната, а сега пред нас е реализација на важната обврска да ги направиме потребните реформи и измени, порача денеска секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ на средба со граѓаните на Кавадарци.

- Време е за глас за Европа. 80 гласа ЗА, кои ќе бидат гласови ЗА Европа. Бројни се придобивките од ЕУ и во поглед на демократизација на државата, но и во делот на финансиската поддршка, а тоа најдобро го знаат земјоделците од овој крај кои се корисници на средства од ИПАРД програмата. Ние сме земја лидер во регионот по искоритеност на средствата од ИПАРД 2 програмата, изјави Маричиќ, кој во придружба на претседателот на Градската организација на СДСМ Васко Кичевски го посети Кавадарци во рамки на партискиот карван „Рамо до рамо до победа“.

Тој истакна дека земјава сега се подготвуваме за почетокот на новата ИПАРД 3 програма, каде има 62 отсто зголемување на неповратните европски средства, потенцирајќи дека не се само неповратните средства, бидејќи членството во ЕУ значи и отворање на пазарите ширум Европа.

Членот на ЦО на СДСМ, Љупчо Николовски, пак, пред  граѓаните на Демир Капија, говореше за партиските политики во земјоделството, особено поддршката кон лозарите и винарниците.

- Минатата година создадовме нова програма за поддршка од 10.000 евра во облик на грант за развој и инвестиции на малите винарници. 59 договори беа склучени минатата година, а оваа година бројот на апликации е рекорден, имаме над 130 нови апликации за поддршка од оваа програма. Прва земја во регионот сме по извоз на вино, порача Николовски, кој беше придружуван од членката на ИО на СДСМ, Милена Стефановиќ.

Говорејќи на собирот во рамки на карванот на СДСМ, „Рамо до рамо до победа“, Николовски нагласи дека успесите постигнати последните години се резултат на заедничко делување, план и напорна работа, што е одлика на македонските социјалдемократи.

Во рамки на карванот „Рамо до рамо до победа“, пред граѓаните Неготино, политиките и мерките на СДСМ ги претставија Кирил Парталов и Даријан Сотировски, кои говореа за зголемените средства исплатени за земјоделците и за растот домашно земјоделско производство. сп/нд/

Остани поврзан