• среда, 03 јули 2024

Капитенот на Реал оди во Саудиска Арабија за 20 милиони долари

Капитенот на Реал оди во Саудиска Арабија за 20 милиони долари

Ријад, 14 јуни 2024 (МИА) - Начо Фернандез, капитенот на Реал, неодамна пред финалето на Лигата на шампионите изјави дека донел одлука каде да ја продолжи кариерата и дека ништо не може да ја промени неговата одлука.

Сега е јасно што сакаше да каже со тоа. Одличниот стопер по две децении го напушта клубот и заминува во Саудиска Арабија.

Тој се договори со Ал Итихад, за кој настапува неговиот поранешен клупски колега Карим Бензема. Како што пренесуваат шпанските медиуми, тој ќе добива дури 20 милиони долари по сезона, што е четири пати повеќе од приходите кои ги имал во Реал.

Со кралскиот клуб Начо освои шест европски шампионски титули. дс

Фото: Архива

Остани поврзан