• вторник, 12 ноември 2024

Капители, скулптури и споменици од битолскиот Музеј првпат пред јавноста

Капители, скулптури и споменици од битолскиот Музеј првпат пред јавноста

Битола, 14 септември 2023 (МИА) - Во пациото на битолскиот Музеј ќе бидат поставени 15 мермерни скулптури кои досега никогаш не и биле презентирани на македонската и светската јавност, никогаш не биле изложени на отворено и се чувале во музејските депоа.

Спомениците се од различни временски периоди, стари по неколку векови, откриени на различни локации, дел се од Хераклеја, дел од други археолошки наоѓалишта, изјави за МИА, Мери Стојанова, директорка на НУ Завод и Музеј-Битола.

-Во пациото завршени се инфраструктурните зафати, поставена е нова инсталација, одвод, гранитни плочи и коцка, но и пристапни рампи за лица инвалиди кои прв пат ќе може да доаѓаат во пациото. Во пациото ќе бидат поставени 15 мермерни скулптури кои досега никогаш не и биле презентирани на јавноста, односно никогаш не биле изложени на отворено и се чувале во депоата на Музејот. Пациото ќе биде претворено во еден вид на Лапидариум, со мермерни скулптури и споменици оставени на отворено со соодветно осветлување, изјави Стојанова и додаде дека спомениците се од различни временски периоди, стари по неколку векови, откриени на различни локации, дел се од Хераклеја, дел од други археолошки наоѓалишта.

Македонската и светската јавност, туристи кои го посетуваат битолскиот Музеј во иднина ќе можат прв пат да видат капители, торза, долни делови од тело, надгробни споменици, скулптури.

-Деновиве нашите тимови се подготвуваат за презентација и промоција на новиот лик на пациото кое првпат после многу децении комплетно се преуредува. Внимателно се чистат скулптурите од талози на прашина бидејќи долги години биле скриени во депоата на Музејот, потврди Стојанова.

Во втората фаза од проектот SMART4YOU2, кофинансиран од ЕУ и Министерството за локална самоуправа, ќе биде поставен внатрешен лифт кој ќе биде инсталиран од северната страна на зградата на Музејот со специјален влез за инвалиди кој директно ќе води до постојаната поставка на вториот кат. мт/лв/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан