• петок, 22 ноември 2024

Канатларовски: Тимскиот дух е нашиот најголем квалитет

Канатларовски: Тимскиот дух е нашиот најголем квалитет
Белград, 23 март 2022 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација до 21 година денеска ги продолжи подготовките во Белград, во пресрет на дуелот од 7. коло во групата Х, во рамките на квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство 2023. Селекторот Драги Канатларовски шансата за добар резултат со силниот противник ја гледа во тимската хемија што владее кај неговите избраници. - Противникот го почитувам многу, имаат промени во составот и стручниот тим во споредба со средбата во Охрид, но секако поседуваат голем индивидуален потенцијал. Запознаен сум добро со нивните квалитети, селекцијата е составена од фудбалери кои поседуваат огромен индивидуален квалитет. Имаме јасна цел, многу добро знаеме како треба да одиграме, верувам во квалитетот на моите фудбалери, сакам да го пофалам нивното залагање на тренинзите и огромната желба за добар настап и позитивен резултат на претстојната средба. Нашата предност е во тоа што одлично функционираме како тим. Тимскиот дух што го поседуваме може да биде и одлучувачки фактор на утрешната средба. Верувам дека ќе постои огромен мотив за докажување кај двете селекции. Ќе излеземе на терен со јасна цел, да одиграме добро, квалитетно и фокусирано во текот на сите 90 минути. Не смееме да му оставиме многу простор на противникот да се разигра, нека победи подобриот, истакна Канатларовски. Натпреварот против Србија, македонските фудбалери ќе го играат утре во Белград со почеток од 17 часот. зс/

Остани поврзан