• сабота, 06 јули 2024

Канатларовски го објави списокот на повикани фудбалери за дуелите со Полска и БиХ

Канатларовски го објави списокот на повикани фудбалери за дуелите со Полска и БиХ

Скопје, 23 мај 2024 (МИА) – Селекторот на македонската фудбалска репрезентација до 21 година денес го објави списокот на повикани играчи за двата контролни натпревара на гостински терен против соодветните селекции на Полска и Босна и Херцеговина.

Повик од Канатларовски добија:

Голмани: Марко Алчевски, Стефан Тасев и Љупче Џеков.

Одбрана: Методи Максимов, Стефан Деспотовски, Решат Рамадани, Имран Фетаи, Андреј Стојчевски, Давор Серафимов и Ѓорѓе Џеков.

Среден ред: Иван Николов, Ардијан Цилафи, Хамза Рамани, Лука Станковски, Алекс Златков, Димитар Тодоровски, Адријан Зенделовски, Леонид Игњатов, Ване Крстевски, Мартин Ѓеоргиевски и Бехар Фета.

Напад: Марио Илиевски, Фитон Адеми и Филип Трпчевски.

Првиот контролен дуел против Полска ќе се игра на 1јуни во Радом, Четири дена подоцна во Кониќ е средбата Босна и Херцеговина. зс/

 

Остани поврзан