Канал 4: Британија разгледува ограничување на вакцинација на младите со Астра Зенека
- „Двајца високи извори рекоа дека, и покрај се уште нејасните податоци, постојат се поголеми аргументи дека на помладите, барем на оние под 30 години, треба да им се понудат други вакцини“, ја
Лондон, 5 април 2021 (МИА) - Британската здравствена регулаторна агенција го разгледува предлогот за ограничување на вакцинацијата на младите луѓе со Астра Зенека поради загриженост за создавање тромб, јави британскиот Канал 4 вести.
„Двајца високи извори рекоа дека, и покрај се уште нејасните податоци, постојат се поголеми аргументи дека на помладите, барем на оние под 30 години, треба да им се понудат други вакцини“, јави британската телевизија.
Британската Регулаторна агенција за лекови (МХРА) претходно соопшти дека придобивките од вакцината во спречувањето на коронавирусот се многу поголеми од можниот ризик од појави на крвни засироци.
МХРА се уште не ги коментираше наводите на Канал 4. зш/