• четврток, 19 декември 2024

Камионот неовластено влегол на плоштадот „Македонија“, возачот приведен

Камионот неовластено влегол на плоштадот „Македонија“, возачот приведен
Скопје, 23 ноември 2022 (МИА) - Град Скопје соопшти дека возилото на приватната компанија чиј камион со тркалата пропадна на плоштадот „Македонија“ немал дозвола за движење на плоштадот, иако имало поднесено такво барање. Возачот, кој е државјанин на Турција, е приведен и изведен пред суд. Градските власти информираат дека за овој настан МВР ќе поднесе соодветен поднесок. Град Скопје по извршениот инспекциски увид, како што се наведува, издаде санкција која правното лице ќе треба да ја плати во рок од 10 дена, а во спротивно ќе следи прекршочна и кривична пријава. мд/бак/ Фото: МИА

Остани поврзан