• петок, 22 ноември 2024

Калеска Ванчева: Градиме општество на еднакви можности бидејќи без еднаквост меѓу мажите и жените прогрес не постои

Калеска Ванчева: Градиме општество на еднакви можности бидејќи без еднаквост меѓу мажите и жените прогрес не постои
Скопје, 21 март 2021
 
Претседателката на Форумот на жени на СДСМ Снежана Калеска Ванчева вечерва ја отвори онлајн трибината на тема ,,На чекор до нов закон и нови механизми за родова еднаквост“ во организација на Форумот на жени на СДСМ, по повод меѓународниот ден на жените-8 март.
Пораката што треба да произлезе од денешната трибина е дека градиме општество на еднакви можности меѓу мажите и жените, бидејќи прогресот без еднаквост меѓу мажите и жените не постои, истакна Калеска Ванчева.
Таа додаде дека после низа законски измени, мерки преземени како Влада, а предвидени во програмата на партијата, дојдовме до донесување на нов закон за еднакви можност и до нова стратегија за родова еднаквост за периодот 2021-2029 година.
Јубилејот 110 години од одбележувањето на меѓународниот ден на жените 8 март, поради пандемијата нема да го означиме со марширање, но оваа трибина го има вистинскиот глас и надежта во она што значи прогрес за вистинска родова еднаквост, порача претседателката на Форумот на жени на СДСМ Снежана Калеска Ванчева.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ    ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан