• среда, 27 ноември 2024

Како кучето да се заштити од жештините?

Како кучето да се заштити од жештините?
Лондон, 28 јули 2021 (МИА) - Прошетките на високи температури може значително да го загрозат здравјето на кучињата, особено расите со „рамни лица“ како што се булдозите и мопсите... Истражување на британскиот Кралски ветеринарен колеџ (РВЦ) и Универзитетот во Нотингем Трент покажува дека шетањето и вежбите при топло време претставуваат 74 отсто од причините и случаите на болести поврзани со топлината кај кучињата. Повеќе од 13 отсто се предизвикани од самата жештина, а пет насто се резултат на заклучување на кучиња во автомобил на високи температури. Болести поврзани со жештината се јавуваат кога кучето не може повеќе да одржува безбедна телесна температура, што може да доведе до оштетување на ткивото и органите, а во некои случаи и смрт. Болеста може да влијае на било кој тип на куче. Истражувањето ја нагласува потребата сите сопственици на кучиња, особено оние со кучиња со рамно лице да внимаваат при прошетките во топлите месеци. Д-р Ден О'Нил, претседател на работната група што го спроведе истражувањето, вели дека факторите како прекумерен напор и влажноста, исто така, играат многу значајна улога. - Не се потребни многу вежби (за кучето), за да има можно опасни последици за него кога времето е топло или влажно, додаде тој. Што да се прави ако се појави прегревање? Ако се сомневате дека вашето куче страда од болест поврзана со жешината, секогаш побарајте ветеринарен совет што е можно побрзо. Раните знаци на топлотен удар вклучуваат отежнато дишење, замор, бавно движење при одење, помала желба за игра, саливација и повраќање. Веднаш штом ќе ги забележите овие знаци, смирете го кучето, донесете го на ладно место, дајте му вода и веднаш побарајте стручен совет. Силен топлотен удар може да предизвика повеќе напади, целосно губење на свеста, некоординација, конфузија, повраќање и дијареја со крв. Ако не се лекува, тоа може да биде фатално. Важно е и кучето да нема прекумерна тежина, бидејќи тоа ја зголемува опасноста од болести поврзани со жештините.  си/

Остани поврзан