• четврток, 21 ноември 2024

Како до работна дозвола за единствениот пазар на Отворен Балкан?

Како до работна дозвола за единствениот пазар на Отворен Балкан?

Белград, 2 март 2024 (МИА) - Граѓаните на Србија до Идентификациски број (ИД) на Отворен Балкан, кој им овозможува да користат услуги во рамките на иницијативата Отворен Балкан (ОБ), можат да пристапат преку порталот е-Управа. Граѓаните на Северна Македонија и Албанија го креираат својот ИД на Отворен Балкан преку нивниот национален портал за електронкса управа, јави дописникот на МИА од Белград.

-Од 5 март, преку порталот www.euprava.gov.rs, сите граѓани на Србија ќе можат да го креираат својот матичен број на Отворен Балкан по едноставна процедура, што е предуслов за поднесување барање за слободен пристап до пазарот на  труд во Северна Македонија или Албанија, соопшти Стопанската комора на Србија (ПКС).

Граѓаните на Северна Македонија и Албанија својот ИД број т.е Единствениот број за идентификација на ОБ  го креираат на нивниот национален портал за е-управа.

За да можат граѓаните на Србија, Албанија и Северна Македонија, да се вработат во некоја од земјите на Отворен Балкан или оние кои веќе нашле работодавач, треба да имаат ИД број на ОБ што ќе го креираат електронски во неколку чекори.

Ова подразбира дека корисникот има електронски идентитет на својот национален Портал за е-управа, а потоа во неколку чекори креира свој ИД број на Отворен Балкан.

На корисникот веднаш ќе му биде доделен ИД број на Отворен Балкан, а на неговата е-маил адреса ќе добие и потврда т.е сертификат за доделениот ИД број во форма на електронски документ.

Потоа, заинтересираниот граѓанин може да пристапи до електронскиот административен или управен портал на земјата на дестинација (земјата во која има намера да се вработи) и да поднесе барање за слободен пристап до пазарот на трудот.

Земјата на дестинација по проверка донесува конечна одлука, а најдоцна во рок од 30 дена од датумот на поднесување на барањето.

По добивањето на одобрението, заинтересираниот граѓанин од трите земји на ОБ може да се вработи, под исти услови како и секој локален граѓанин на државата, до две години, а по истекот на овој рок може да го продолжи одобрението, кое воедно преставува и одобрение за престој и работа.

Прв кој ја доби електронската потврда- Идентификациски број на Отворен Балкан е пртседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж, со што може да работи и да живее и во Северна Македонија и Албанија. об/лв/

фото: принт скрин 

Остани поврзан