• понеделник, 23 декември 2024

Како да се упропасти разговор за работа во првите 10 секунди?

Како да се упропасти разговор за работа во првите 10 секунди?

Лос Анџелес, 21 мај 2024 (МИА) - Разговорите за работа може да бидат стресни, особено кога работодавците користат тактика за да ги проценат реакциите на кандидатите. Во таа смисла, тука се и необичните прашања и разни други трикови...

Меѓутоа, понекогаш и наједноставното прашање ќе го доведе кандидатот во непријатна положба. Профилот „UKJobs” на Редит објави случај каде што Британец сакајќи да доби работа, „ја оплескал“ уште во првата минута, и тоа одговарајќи на многу едноставно прашање.

Самиот раскажува: Го прашале - „Како стигна до овде?“ А, тој веднаш рекол: „Со автобус“!

И, веднаш почнал да се препотува затоа што сфатил како го прашуваат за досегашниот развој на неговата кариера. Не кажува дали успеал да ја добие работата, но преостанатите 58 минути од разговорот „му минале без врска“... Сепак, барем успеа да го насмее интернет-просторот.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан