• петок, 05 јули 2024

Казни за 236 непрописно паркирани возила во Општина Центар

Казни за 236 непрописно паркирани возила во Општина Центар

Скопје, 12 јуни 2023 (МИА) - ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје минатата недела санкционирале 236 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

- Во периодот од 05.06. до 11.06.2023 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 115 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „блокатор“ санкционирани се 121 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во кој биле паркирани, соопштија денеска од ЈП Паркинзи на Општина Центар. цр/дма/

Фото:ЈП Паркинзи на Општина Центар

Остани поврзан