• понеделник, 23 декември 2024

Казнети 244 возачи во Скопје, 137 за брзо возење

Казнети 244 возачи во Скопје, 137 за брзо возење

Скопје, 4 февруари 2024 (МИА) - Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје изрече вкупно 244 мерки, меѓу кои 137 санкции за непочитување на брзината на движење.

Како што соопшти утрово МВР, изречени се и 16 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за поминување на затворен сигнал (црвено светло), седум мерки за користење на мобилен телефон при возење, осум санкции за управување под дејство на алкохол...

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. дма/

Фото:МИА архива

Остани поврзан