• петок, 22 ноември 2024

Казнети 20 возачи кои возеле под дејство на алкохол на територија на СВР Битола

Казнети 20 возачи кои возеле под дејство на алкохол на територија на СВР Битола

Скопје, 18 јуни 2023 (МИА) - Во текот на изминатата вечер  (17/18.06.2023) во периодот од 23:00 до 05:00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

-При контролата  санкционирани се 20 возачи. За време на контролата биле санкционирани и 23 други видови прекршоци, информираа денеска од МВР.

Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила. дма/

Фото:МИА архива

Остани поврзан