• недела, 22 декември 2024

Каевски: Голем скандал, лажните анкети на МТВ се нарачани во штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Каевски: Голем скандал, лажните анкети на МТВ се нарачани во штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Скопје, 3 април 2024

Објавуваме голем скандал.

Скандал, кој потврдува дека лажните анкети објавени на Националната телевизија МТВ се нарачани од штабот ВМРО-ДПМНЕ.

Станува збор за реализација на цела една шема, оперативен план подготвен од Републичкиот изборен штаб на ДПМНЕ, по насока на Извршниот комитет на партијата.

Цела една шема за пласирање лажни анкети за рејтинзите на партиите и за политичарите, а објавени на МТВ, но и за други активности како пласирање лажни вести.

Ова се документите кои се доставени до нас.

За различни сегменти задолжени се различни личности.

За лажните анкети и лажните вести, освен одговорните од Центарот за комуникации во ДПМНЕ, задолжен е и Владимир Божиновски. Меѓу задолжените е и Зоран Ставревски но и директорот на МТВ, Марјан Цветковски.

Оперативниот план  го содржи она што и реално се случуваше и се уште се случува.

Предвидува креирање на емисија два пати неделно со анализирање на анкети од ИПИС на Владимир Божиновски, какви што веќе се емитуваа на МТВ.

Дефиниран е и составот на гости во емисијата, да бидат аналитичари и тоа 3 опозициски и 1 од власта.

ДПМНЕ има и одговорен и за ширење лажни вести и креираат вести преку „дувла“ кои ги објавуваат опозициски портали.

За градоначалниците од ДПМНЕ предвидена е „обврска“ кон Владимир Божиновски.

Ова е голем скандал кој покажува:

1. Дека лажните анкети се нереални и служат за манипулација на граѓаните.

2. Дека се уплашени и

3. Потврдува дека нема никаква промена во ДПМНЕ.

Пропагандата, злоупотребите на медиумите, ширењето лажни вести и нарачаните лажни анекти, се истите методи на  Никола Груевски кои сега ги спроведува Христијан Мицкоски.

Ова е вистината за ДПМНЕ. За овој скандал мора да има одговорност.

 

Прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан