• петок, 22 ноември 2024

Кавани сака да игра во Шпанија

Кавани сака да игра во Шпанија
Мадрид, 8 август 2022 (МИА) - Поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Единсон Кавани сè уште не се одлучил за нов клуб. Приоритет за 35-годишниот уругвајски репрезентативец и неговото семејство е преселба во шпанската Ла Лига. Кавани во новата сезона требаше да игра за Бока Јуниорс, но потпишувањето на договорот со аргентинскиот клуб пропадна поради семејните околности на фудбалерот. Во шпанските медиуми се пишува дека за услугите на Кавани се заинтересирани Валенсија и Виљареал. Пред Манчестер јунајтед, Кавани настапуваше за Пари Сен-Жермен, Наполи, Палермо и Данубио. зс/

Остани поврзан