• сабота, 06 јули 2024

Кавани патува во Англија да потпише двегодишен договор со Манчестер јунајтед

Кавани патува во Англија да потпише двегодишен договор со Манчестер јунајтед
Лондон, 3 октомври 2020 (МИА) - Напаѓачот Единсон Кавани утре патува за Англија за да потпише договор со Манчестер јунајтед, објавија некои англиски медиуми. Договорот со 33-годишниот Уругваец ќе биде со важност до јуни 2022 година. Утре Кавани ќе биде подложен на медицински преглед во Манчестер јунајтед. Напаѓачот се очекува да игра со ПСЖ, неговиот поранешен клуб, во Лигата на шампионите на 20 октомври. Минатата сезона Кавани одигра 22 натпревари за парижаните, постигна седум гола и направи три асистенции. Порталот „transfermarkt.de“ го проценува фудбалерот на 20 милиони евра. зс/

Остани поврзан