Кавани има намера кариерата да ја продолжи во шампионатот на Шпанија
- Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Единсон Кавани сака да ја продолжи кариерата во шампионатот на Шпанија, тврди новинарот Фабрицио Романо.
Манчестер, 12 февруари 2022 (МИА) - Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Единсон Кавани сака да ја продолжи кариерата во шампионатот на Шпанија, тврди новинарот Фабрицио Романо.
Според него, 34-годишниот Уругваец, чиј договор со клубот е со важност до крајот на јуни 2022 година, сака да го напушти тимот како слободен играч.
Приоритетна опција за Кавани е шпанската Ла лига.
Фудбалерот нема намера да се пресели во аргентинската Ривер Плата за чиј интерес и претходно беше објавено.
Кавани е во Манчестер јунајтед од октомври 2020 година. Во сезоната 2021/22, Уругваецот забележа 15 настапи за „Црвените ѓаволи“, постигнувајќи два гола и една асистенција. зс/