• четврток, 27 јуни 2024

Кавадарчанка пријавила дека ќерката ѝ се одјавила од интернат и не одговара на телефонски повици

Кавадарчанка пријавила дека ќерката ѝ се одјавила од интернат и не одговара на телефонски повици

Скопје, 19 јуни 2024 (МИА) - Четириесет и петгодишна жена од Кавадарци пријавила во полиција дека на 6 јуни, нејзината 17-годишна ќерка се одјавила од средношколскиот интернат и заминала кај К.Ѓ.,19-годишно лице од Битола, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

Според пријавеното, таа неколкупати стапила во контакт со неа, но, потоа престанала да одговара на телефонските повици и до пријавувањето, не се вратила дома.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на девојчето. бд/сст/

Фото: МИА архива

Остани поврзан