• понеделник, 23 декември 2024

Кавадарчани во голем број против рециклажен центар за собирање и третман на отпадни гуми 

Кавадарчани во голем број против рециклажен центар за собирање и третман на отпадни гуми 

Кавадарци, 5 август 2024 (МИА) - Кавадарчани се во голем број против рециклажен центар за собирање и третман на отпадни гуми, покажува интернет гласањето  спроведено на Реално Кавадарци, пред утрешната јавна расправа за животна средина во врска со Г-1 зона, што ќе се одржи во Кавадарци. 

На веб-страницата на кавадаречката локална самоуправа е објавено известување до заинтересираната јавност од Министерството за животна средина и просторно планирање.

- Инвеститорот ДССУООТУ „ЕКОВАТИВ ОИЛ“ ДООЕЛ од Скопје ја достави Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проект Еколошки рециклажен центар за собирање и третман на отпадни гуми во општина Кавадарци, се вели во известувањето. 

Јавната расправа по Студијата за оцена на влијание врз животната средина ќе се одржи утре во просториите на општина Кавадарци со почеток во 12 часот. свд/мд/

Фото : Реално Кавадарци

Остани поврзан