• петок, 05 јули 2024

Кавадарци со огномет и прослава на плоштадот ја дочека Новата година 

Кавадарци со огномет и прослава на плоштадот ја дочека Новата година 

Кавадарци, 1 јануари 2024 (МИА) - Општина Кавадарци организираше новогодишна прослава, дел од кавадарчани синоќа ја дочекаа Новата година на градскиот плоштад, со музика и огномет. 

Дегустација на греано вино, трка на дедомразовци, натпревар за најбрзо накитена елка, се само дел од настаните што беа дел од предновогодишната програма на кавадаречката локална самоуправа. 

- Имавме божиќен пазар, дегустација на топол чај и божиќни колачиња, новогодишна работилница, хуманитарна продажба на новогодишни дела, забава со спектакуларни маскоти, фотографирање со Дедо Мраз, настап на исполнители од музичкото детско фестивалче ,,Гроздоберче" и новогодишна бајка, потсетија  од Општината. свд/дма/


Фото : Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев 

Остани поврзан