Кавадарци има 309 првачиња оваа учебна година, сите добија чемпрес како симбол на раст и напредок
- Општина Кавадарци има 309 првачиња оваа учебна година, сите денеска добија чемпрес како симбол на раст и напредок.
Кавадарци, 1 септември 2025 (МИА) - Општина Кавадарци има 309 првачиња оваа учебна година, сите денеска добија чемпрес како симбол на раст и напредок. Градоначалникот Митко Јанчев беше во посета на ООУ „Тошо Велков - Пепето“, каде што ги пречека првачињата на првиот училишен ден.
- На територија на општина Кавадарци, оваа година има вкупно 309 првачиња, од кои 59 во ова училиште, кои со насмевки и радост го започнаа своето најубаво патување - учењето. Сите првачиња добија чемпрес - симбол на раст и напредок, производ од вредните раце на учениците од нашето средно земјоделско училиште. Им посакуваме на сите ученици, наставници и родители успешна и исполнета учебна година, исполнета со знаење, пријателства и нови успеси, пишува на „Фејсбук“ - страницата на градоначалникот. свд/са/
Фото: МИА архива