• сабота, 21 декември 2024

Кабинет на Макрон: Дополнително испорачуваме воена опрема за Украина (ДПЛ)

Кабинет на Макрон: Дополнително испорачуваме воена опрема за Украина (ДПЛ)
Париз, 26 февруари 2022 (МИА) - Франција ќе испрати гориво и повеќе воена опрема во Украина за да помогне во борбата против руската инвазија и да воведе повеќе економски санкции за Москва, соопшти во саботата претседателството. Новите санкции ќе вклучуваат „национални мерки за замрзнување на финансиските средства на руски личности“, како и „нови мерки“ што треба да се преземат „со европските партнери во врска со меѓубанкарскиот систем SWIFT“, се вели во соопштението, откако претседателот Емануел Макрон претседаваше со состанок на одбраната. Исто така, ќе има „мерки за да се спротистави на пропагандата на руските влијателни лица и медиумите на европско тло“, се вели во соопштението, без да се наведат дополнителни детали. зш/

Остани поврзан