• вторник, 24 декември 2024

И годинава ќе се дегустираат вина и ракии од индивидуални производители

И годинава ќе се дегустираат вина и ракии од индивидуални производители
Неготино, 22 јануари 2021 (МИА) - Празникот на лозарите и винарите „Св.Трифун“ годинава ќе биде одбележан скромно и со редуцирани содржини и настани, без масовни собирања и со строго почитување на здравствените протоколи за заштита од КОВИД-19, информира денеска неготинскиот градоначалник Тони Делков. - Една од активностите ќе биде натпреварот во дегустација на вина и ракии од индивидуални производители, на кој право на учество имаат сите производители кои во периодот до 10 февруари 2021 година ќе ги достават потребните мостри на ракија и вино, соопшти Делков. Пристигнатите мостри ќе бидат дегустирани и оценувани од стручна комисија од членови на Здружението на енолози, а за производителите на најквалитетни ракија и вина се предвидени награди и признанија. свд/мч/

Остани поврзан