• петок, 22 ноември 2024

Иџе се враќа во ТЦР шампионатот

Иџе се враќа во ТЦР шампионатот
Скопје, 24 јули 2020 (МИА) - Најдобриот македонскиот автомобилист Игор Стефановски Иџе, викендов на автодромот „Гробник“ во Хрватска ќе ја почне сезоната во ТЦР натпреварувањето на Источна Европа. Утре тој ќе вози во се квалификациите, а в недела предвидено е да настапи на двете трки. - Со силна возбуда можам да споделам дека се враќам на тркачките патеки годинава, како што и најавив претходно. Во моментов заедно со мојот тим сме во Хрватска, каде викендов не очекува тркатата на автодромот „Гробник“. Ќе се натпреварувам со фантастични возачи, вкупно 17. Едвај чекам сезоната да започне, за да можам на тркачката патека да се сретнам со сите пријатели, со кои вообичаено ги делиме тркачките предизвици, вели Стефановски. Автомобилскиот ас Весниќ беше дел од мојот тим, кога возев на трката во Имола.Тој во оваа сезона на ТЦР Источна Европа, влегува како бранител на титулата. Борковиќ пак е двократен европски шампион. И тој е искусен возач, кој ќе се натпреварува во целокупната сезона на ТЦР Источна Европа 2020. Душан беше шампионот на ЕТЦЦ во 2015 година, а на овој шампионат ќе ги брани боите на М1РА Расинг. Душан беше и дел од WTCC шампионатот во минатото. Ќе биде многу интересно.“ –открива Стефановски. Тој додава дека меѓу возачите се наоѓа и неговиот ривал од ЕТЦЦ шампионатот 2017, Петар Фулин, додава Стефановски. Стефановски за трката во Хрватска вели дека ќе биде вовед за првиот викенд од август и трките на ТЦР Италија, кое пак важи за главно натпреварување за оваа година. зс/

Тагови

Остани поврзан