• сабота, 21 декември 2024

ИФИМЕС: Членството во НАТО како историски успех на државата

ИФИМЕС: Членството во НАТО како историски успех на државата
Љубљана, 30 јуни 2020 (Анализа на Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии - ИФИМЕС од Љубљана за актуелната политичка ситуација во Република Северна Македонија по повод одржувањето на предвремените парламентарни избори на 15 јули 2020 година)
Предвремените парламентарни избори во Република Северна Македонија ќе бидат одржани на 15 јули 2020 година. На изборите кои ќе се спроведуваат според пропорционарниот модел, за избор на нов состав на македонскиот парламент (Собрание), кој брои 120 членови, право на глас ќе имаат нешто помалку од 1,8 милиони гласачи. Водечки партии на претстојните избори се: СДСМ (владејачка социјалдемократска партија), ВМРО-ДПМНЕ (опозициска конзервативна партија), Демократската унија за интеграција (ДУИ- владеечка партија на етничките Албанци), Алијанса на Албанците (опозициона партија на етничките Албанци), БЕСА (опозициона политичка партија на Албанците). Партиите на малцинствата како што се Турци, Роми, Бошњаци, Срби и други традиционално ќе имат свои претставници во македонскиот парламент. Новитет на македонската политичка сцена претставува Коалицијата на СДСМ и албанската политичка партија БЕСА, која е показател за напредокот во македонското општество. Актуелната Влада на Република Северна Македонија своето работење го темели на поврзување низ парадигмата „Едно општество за сите“ и „Влада за граѓаните“. Токму формирањето на предизборната коалиција на СДСМ и БЕСА е последица на една таква политика и граѓанскиот концепт на државата. Претстојните парламентарни избори во Република Северна Македонија се значајни за двете страни од политичкиот спектар (СДСМ и ВМРО ДПМНЕ), бидејќи се води политичка борба помеѓу демократијата и авторитаризмот односно помеѓу граѓанскиот и/или етничкиот (дури и националистичкиот) карактер на Северна Македонија. Повторно се работи за избор помеѓу „Западот и Истокот“, иако номинално сите се за „Запад“. Овие парламентарни избори не се обични избори, туку се работи за континуитет на парламентарни избори и политички промени и процеси започнати на 11 декември 2016 година кога се одржани предвремените парламентарни избори, кои доведоа до соборување на режимот на Никола Груевски (ВМРО-ДПМНЕ) и воспоставување на нова владеечка коалиција, која ја предводи Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).
 27. март 2020- заокружување на државноста Во последниот век Македонците и нивната држава поминаа низ бурна историја. Во 1903 година е кренато Илинденското востание, еден од најзначајните настани во македонската историја. За време на Втората светска војна во 1944 година одржано е заседание на првото македонско собрание наречено АСНОМ, на кое се удрени темелите на Социјалистичка Република Македонија, која е рамноправна федерална единица во рамките на федерална Југославија. Со распадот на Југославија во 1991 година одржан е референдум за независност и прогласена е независна и самостојна Република Македонија, која под тоа име е призната од најголем дел од државите во светот. Влезот во НАТО на 27 март 2020 е четвртиот важен датум во историјата на Македонците и модерната македонска држава. Со членството во НАТО се заокружува македонската државност, која гарантира опстојување и територијален интегритет на модерната македонска држава. Со влезот во НАТО никој повеќе нема да може да смета на територијата на Северна Македонија за своите големодржавни проекти. Албанците како граѓани покажаа одговорност спрема својата држава и помогнаа во промена на името и членството во НАТО. Членството во НАТО е пред се големо признание за Северна Македонија за демократските промени и постигнатите резултати во измитатите три години. Се покажа дека промените се можни и остварливи и дека Северна Македонија- како и регионот на Западниот Балкан - има потенцијали, кои тоа го овозможуваат. Со тоа е испратена силна порака и поттик и на другите држави, кои се во чекалната за ЕУ и НАТО. Исто така е важно дека официјален Брисел го препозна трендот на промените во Северна Македонија и на нив реагираше позитивно и конструктивно. Духот на македонските промени се чувствува и во регионот Промените од политичка, дипломатска и поширока општествена парадигма во Македонија се започнати пред три години кога лидерот на СДСМ Зоран Заев започна низа демократски промени и процеси, кои доведоа до нови позитивни слики во оваа по многу фактори специфична балканска држава. Актуелната владејачка политичка гарнитура успеа да спроведе мирна смена на власта/режимот кој незаконски прислушкуваше повеќе од 26.000 граѓани и изнесе од таа држава според проценките најмалку пет милијарди евра. Интеграциската парадигма на Зоран Заев и силниот меѓународен ангажман доведоа до неколку значајни исчекори. Потпишан е Договорот за добрососедски односи со Бугарија, донесен е закон за унапредување на употребата на јазикот на другите етнички заедници, потпишан е и имплементиран Преспанскиот договор со Грција, кој овозможува деблокада на интеграциските процеси. Аналитичарите сметаа дека по големите структурни промени во македонската политика мораа да следат и позитивни исчекори во интеграцискиот процес што и навистина се случи. Северна Македонија до пред само нешто повеќе од три години беше „држава-случај“, а сега е „држава-пример“, која спроведе бројни реформи и го деблокира својот евроатлански пат, кој е крунисан со полноправно членство во НАТО. Владата на Република Северна Македонија има најсилна меѓународна подршка која до сегане ја имала ниту една влада во регионот од распадот на СФРЈ. Тоа е многу важен факт, кој е потребно да се искористи во наредниот период за Северна Македонија но и регионот конечно да тргнат напред. Со разрешување на ситуацијата во Северна Македонија вниманието е посветено кон финализација на дијалогот помеѓу официјален Белград и Приштина. Тој процес влегува во завршна фаза, а потоа на ред доаѓа и средувањето на ситуацијата во Босна и Херцеговина. Аналитичарите сметаат дека успехот на Северна Македонија им засмета на еден дел од политичките кругови внатре во државата, регионот, но и дел од меѓународните кругови, на кои не им одговора завршување на дијалогот помеѓу официјален Белград и Приштина и подоцнежно средување на состојбите во БиХ. Поради тоа претстојните парламентарни избори се важни не само за Северна Македонија туку и за регионот, бидејќи еден дел од политичките сили ќе сакаат да се вратат на старата состојба. Членството во НАТО како историски успех
Северна Македонија покажа дека е способна да ги оствари промените. Тоа е демократско-политичка легитимација на сегашните власти. Членството во НАТО е најголема потврда за вистинскиот правец на дејствување.
Членството во НАТО, значи сигурност, стабилност и благосостојба. Со тоа се јакне довербата кон државата и сигурноста за привлекување странски инвестиции. Истовремено членството во НАТО е голем исчекор кон членството во ЕУ. Тоа е непосредно искуство на сите нови членки после завршувањето на студената војна. Без членство во НАТО ниедна од 30-те држави не би била успешна како што е сега. Членсвото значи право за соодлучување за клучните прашања од меѓународната политика. Северна Македонија нема веќе да биде предмет на расправа, туку заедно со другите држави членки таа ќе расправа и ќе придонесува за решавање на клучните меѓународни прашања и предизвици. Тоа е квантно поместување во функционирање на државите кои станале полноправни членки на НАТО.
Членството не значи само добивка за одбранбените и воено безбедносните структури. НАТО со своите бројни одбори се занимава и со прашања, како што се образование и прашања на екологија, иновоции, научни истражувања, стопански субјекти, кои добивајќи НАТО сертификат, можат на различни тендери внатре во алијансата да добиваат работи што претходно секако не било возможно. Секако сето тоа е зависно од тоа во колкава мерка државата покажува проактивен пристап во тој престижен клуб на држави. „Fake news“ центар во регионот  Бурната политичка сцена во Северна Македонија не е последица на самиот политички живот кој интензивно се одвива во таа држава. Во таа земја непрестано се води „хибридна војна“, која главно е насочена кон клучната политичка личност во таа држава - Зоран Заев(СДСМ). Разузнавачките служби имаат регистрирано и лоцирано најмалку 150 интернет портали, кои редовно и секојдневно фабрикуваат „fake news“. Поради тоа не изненадуваат секојдневните афери кои како на подвижна лента се продуцираат во Северна Македонија. Едно истражување покажа, дека четири засебни Фејсбук страници објавуваа содржина, која е објавена на десет македонски портали. Тоа се доведува во врска со Adinamic Media, компанија која води вебсајтови кои ја подржуваат опозициската партија ВМРО ДПМНЕ. Оваа компанија е поврзана со унгарската јавна телевизиска мрежа Magyar Televizo (MTV), која е наклонета кон премиерот Виктор Орбан и неговата политичка партија Fidesz. Аначитичарите сметаат дека на властите во Северна Македонија ќе им треба меѓународна помош да го регулираат тоа подрачје, а истовремено да не ја ограничуваат слободата на говор и/или да спречат кршење на основните граѓански права и слободи. Се очекува, дека ќе дојде до продуцирање на нови афери во завршницата на изборната кампања, кои нема да имаат влијание на конечните изборни резултати, бидејќи на граѓаните најважен им е мирот и стабилноста како и просперитетот на нивната држава.

Резултатите на изборите ќе зависат од нивната регуларност

Претстојните парламентарни избори во Северна Македонија, кои се одржуваат за време на пандемијата предизвикана од Ковид-19 претставуваат голем предизвик за Државната изборна комисија (ДИК) и сите актери кои учествуваат на изборите, бидејќи резултатот од изборите ќе зависи од нивната регуларност. Аналитичарите сметаат, дека е потребно да се осигураат фер и чесни избори со силно присуство на домашни и странски набљудувачи, а учесниците на изборите мора да водат коректна изборна кампања во која ќе избегнуваат дискредитација на политичките противници, а наместо тоа своите активности ќе ги насочат кон политичките програми и нивното претставување пред граѓаните. Факт е дека македонското општество созрева и развива меѓуетничка толеранција што ги потврдуваат и податоците, дека во последните три години не се забележани меѓуетнички инциденти, кои некогаш беа скоро секојдневна појава. Тоа дава надеж дека во сеопштиот напредок, кој сосема сигурно го сакаат сите граѓани политичките лидери своето дејствување ќе мора да го подредат на интересите на граѓаните и државите. Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски во писмена изјава пред почетокот на кампањата истакна: „Изборниот процес и изборите мора да бидат спроведени според високите стандарди и критериуми, имајќи ги предвид нашите евроатлантски перспективи. Апелирам на сите учесници на изборниот процес да придонесат овие избори да бидат фер, слободни и демократски“. Аналитичарите сметаат дека претстојните парламентарни избори се многу значајни бидејќи државата после шест месеци повторно ќе добие со полн мандат и целосно функционални демократски институции, што досега ги немаше поради специфичната објективна ситуација. Новиот состав на парламентот и новата влада веднаш ќе започнат со подготовки за почеток на преговори со ЕУ, што е најважна задача. Со тоа ќе се доврши процесот на големи промени. Членството во НАТО беше клучен чекор во тој правец. Северна Македонија е успешен и докажан модел на демократска трансформација во држава од 21 век. Меѓународен институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС)    

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан