• петок, 22 ноември 2024

Италија: По примање на првата доза вакција смртноста од Ковид-19 намалена за 95 отсто

Италија: По примање на првата доза вакција смртноста од Ковид-19 намалена за 95 отсто
Рим, 15 мај 2021 (МИА) - Пет недели по примањето на првата доза на вакцина против Ковид-19, заразувањето со коронавирус е намалено за 80 проценти, приемот во болница е намален за 90 проценти, а смртните случаи се намалени за 95 проценти, покажува студија спроведена од научници од италијанскиот Национален институт за здравје на примерок од 13,7 милиони вакцинирани лица. Според агенцијата Анса, ова е прво вакво обемно истражување на земја членка на Европската унија за реалното влијание на имунизацијата врз текот на пандемијата, а анализирани се податоците од почетокот на вакцинацијата на 27 декември минатата година до 3 мај . Податоците покажаа дека образецот е ист кај мажите и жените, без оглед на нивната возраст и дека ризикот од инфекција постепено се намалувал две недели по приемот на првата доза. Од 13,7 милиони луѓе вклучени во студијата, 95 проценти добиле две дози на Фајзер или Модерна, а останатите пет проценти биле вакцинирани со Астра Зенека. ссм/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан