• сабота, 21 декември 2024

Италијанската премиерка Мелони повика на деескалација на ситуацијата во Либан и во регионот

Италијанската премиерка Мелони повика на деескалација на ситуацијата во Либан и во регионот

Рим, 1 октомври 2024 (МИА) - Италијанската премиерка Џорџа Мелони соопшти денеска дека нејзината земја останува посветена на соработката со сојузниците за стабилизирање на ситуацијата на границата меѓу Израел и Либан, јави италијанската новинска агенција АНСА. Taa истакна дека деескалацијата на ситуацијата во регионот е неопходна и итна.

„Италија ќе продолжи да работи со сојузниците за стабилизирање на границата меѓу Израел и Либан за раселените лица да можат да се вратат дома. Деескалацијата на регионално ниво е неопходна и итна, а Италија ќе учествува во процесот како претседавач со Г-7“, рече Мелони.

Премиерката на Италија посочи дека внимателно ја следи драматичната ситуација во Либан и е во постојан контакт со министрите за надворешни работи и за одбрана.

„Заштитата на цивилите останува приоритет, како и гарантирањето на безбедноста на војниците на италијанскиот контингент УНИФИЛ лоциран на југот на Либан“, истакна Мелони.

Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето вчера изјави дека италијанските војници во Либан се на безбедни позиции и превентивно се засолниле во бункери. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан