• сабота, 23 ноември 2024

Италијанките освоија злато на мундијалскиот биатлон

Италијанките освоија злато на мундијалскиот биатлон

Оберхоф, 18 февруари 2023 (МИА) - Италијанската женска репрезентација е победник во штафетата на биатлонската трка (4x6 км) на Светското првенство што се одржува во Оберхоф, Германија.

Во италијанскиот тим беа: Самуела Комола, Доротеа Виерер, Хана Аухенталер, Лиза Витоци.

Ова е прв златен медал за Италија на Мундијалите во оваа дисциплина.

Второто место го зазеде германскиот тим: Ванеса Фојгт, Хана Кобингер, Софија Шнајдер и Дениз Херман-Вик.

Бронзени медали освои квартетот од Шведска: Лин Персон, Ана Магнусон, Елвира Оберг и Хана Оберг. зс/

Остани поврзан