• понеделник, 23 декември 2024

Италијанец поради љубов го напушти свештенството

Италијанец поради љубов го напушти свештенството
Перуџа, 14 април 2021 (МИА) - Сега поранешниот свештеник Рикардо Чекобели (42), реши да го напушти свештенството, затоа што се вљубил. Toj минатата недела ја одржа последната миса во црквата Сан Феличе, во Маса Мартана, близу Перуџа. Се прости од верниците и ја напушти својата дотогашна должност, пишува весникот „Кориерe“. - Не жалам за тоа, мојот избор е природен. Ја донесов одлуката по многу размислување. Не можев да продолжам да живеам криејќи ги своите чувства. Сега чувствувам слобода, искреност и интегритет, рече Чекобели. Тој за весникот објаснува дека најпрво бил во пријателски односи со Лора, поради која го напуштил свештенството. Но, љубовта се родила спонтано и тој не го прекршил заветот на својот свештен повик додека бил свештеник. Неговиот татко Карло, на прашање - дали е задоволен од изборот на неговиот син, рече дека „одлуките на децата се прифаќаат без прашање“.  си/

Остани поврзан