• петок, 22 ноември 2024

Италијанец дипломирал на 86 години

Италијанец дипломирал на 86 години

Сиена, 3 јануари 2024 (МИА) - Анџело Марино, поранешен функционер во италијанската покраина Сиена, лани на 86-годишна возраст успеал да се стекне со уште една универзитетска диплома и на тој начин да го исполни својот животен сон.

Имено, тој го одбранил дипломскиот труд на тема „Мојата земја во периодот од 1937 до 1950 година“ и доби диплома за професот по литература. Универзитетот на Сиена објави дека нивниот највозрасен дипломец покажал многу емоции на своето дипломирање, а и присутните од неговото семејство биле видно трогнати.

Марино, инаку, својата прва диплома - по Кривично право, ја стекнал во 1962 година.  си/сд/

Фото: Универзитетот на Сиена

Остани поврзан