Исчистено дел од речното корито во Куманово, граѓаните бараат да продолжи долж течението
- Расчистено е речното корито во близина на стариот градски парк во Куманово, соопштија денеска надлежните. Делот од речното корито е исчистен со средства од минатогодишниот тендер за чистење н

Куманово, 10 септември 2022 (МИА) - Расчистено е речното корито во близина на стариот градски парк во Куманово, соопштија денеска надлежните. Делот од речното корито е исчистен со средства од минатогодишниот тендер за чистење на дел од речните корита на реките: Којнарка, Липковка, Кумановка и Крива Река на територија на општина Куманово и диви депонии за кој од општината беа одвоени скоро два милиони денари.
Месецов истекува договорот со избраната компанија за чистење на речните корита и диви депонии. Од одделението за јавни набавки информираа дека го подготвуваат тендерот за избор на компанија за листење на речните корита за тековната година.

