• понеделник, 23 декември 2024

Ист Гејт Мол: По обезбедување на сите потребни безбедносни мерки продолживме со нормална работа

Ист Гејт Мол: По обезбедување на сите потребни безбедносни мерки продолживме со нормална работа

Скопје, 24 октомври 2023 (МИА) - Трговскиот центар Ист Гејт Мол по обезбедување на сите потребни безбедносни мерки продолжува со нормална работа по инцидентот со огнено оружје што се случи денеска во 15:00 часот, информираат од трговскиот центар.

-Се работи за изолиран инцидент, лоциран на подземните нивоа во трговскиот центар. Надлежните служби вршат увид во моментов на местото на настанот, но трговскиот центар продолжува со утврдениот нормален режим на работа до 22:00 часот, соопштија од Ист Гејт Мол.

Оттаму посочуваат дека трговскиот центар е обезбеден со соодветно физичко обезбедување и технички системи за безбедност и мониторинг наменети за обезбедување на сигурноста и безбедноста на посетителите. вј/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан