• петок, 22 ноември 2024

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Истражување: Турција има најевтини кинобилети
Лос Анџелес, 12 jaнуари 2022 (МИА) - Турција, Малезија, Казахстан и Србија се земјите со најевтини карти за кино во светот, покажуваат последните податоци на британскиот финансиски портал money.co.uk. Во Турција е потребно да се издвојат 2,06 евра за кинобилет, во Малезија - 3,13, во Казахстан - 3,23, а во Србија тоа чини 3,40 евра. Белорусија, Русија, Аргентина, Панама, Унгарија и Костарика, исто така се на топ-листата од 10 земји со најевтини билети. Од друга страна, Швајцарија е на другиот крај со најскапи билети за кино - 18,23 евра, потоа Данска - 14,79, Саудиска Арабија - 14,14, Јапонија - 14,07 и Финска со 14 евра за билет. Порталот, инаку, го рангираше Лондон меѓу трите најдобри градови во светот за љубителите на филмот, со оценка 9,75 од 10, бидејќи има најмногу кина, а „премиерите на најголемите наслови често се одржуваат на плоштадот Лестер“. Во текстот на уредникот Џејмс Ендрјус, се забележува дека и третопласираниот Лос Анџелес (оценка 9,49) е секако еден од највлијателните градови каде што се снимаат филмови, но второпласираниот Њујорк (9,55) е домаќин на најголемиот број филмски фестивали - повеќе од 1.000, вклучувајќи ги и Трибека, Фестивалот за документарци и Азиско-американскиот меѓународен филмски фестивал. си/

Остани поврзан