• сабота, 23 ноември 2024

Истражување: Поголема поддршка за да се избегне „изгубена генерација“ поради лошо психичко здравје

Истражување: Поголема поддршка за да се избегне „изгубена генерација“ поради лошо психичко здравје

Лондон, 27 февруари 2024 (МИА) - Младите Британци сè повеќе страдаат од проблеми со психичкото здравје што ја попречуваат нивната способност да најдат работа, посочува испитување објавено од „Фондацијата Резолушн“.

Истражувањето насочено кон Британците на возраст меѓу 18 и 24 години, потврдува дека кај оние кои страдаат од психичка болест има поголема веројатност да бидат невработени или да преземат ниско платени работни места, отколку оние без психички проблеми. Написот, инаку, ги обвинува социјалните мрежи за многу проблеми - кај младите лица особено. Во таа смисла, особено се истакнува оти прекумерната употреба на слободниот виртуелен простор игра клучна улога во поттикнувањето на анксиозноста и депресијата и овозможувањето тормозење на интернет.

„Младите луѓе денес го имаат непожелниот предуслов да имаат најлошо ментално здравје од која било возрасна група... Британија треба да финансира поголема поддршка за менталното здравје за да се избегне 'изгубена генерација' поради лошо здравје“, соопшти Фондацијата.

Меѓу 2021. и 2022 година, кога Велика Британија излезе од блокадите на Ковид-пандемијата, според испитувањата - 34 отсто од младите Британци пријавиле симптоми на психичко нарушување, како анксиозност, биполарно растројство или депресија. Тоа е повисоко ниво отколку во 2000 година кога пропорцијата изнесуваше 24 насто.

Покрај тоа, 41 отсто од младите девојки се склони кон нарушувања на психгичкото здравје, како и 26 отсто од младите мажи.

„Кај младите луѓе со проблеми со психичкото здравје има поголема веројатност да се борат со светот на возрасните отколку нивните поздрави врсници. Слабото ментално здравје може да го уништи искуството на младите во образованието, на пр. - да го попречи нивното брзо наоѓање работа или да ја ограничи нивната способност да се пробијат на пазарот на трудот“, се додава во извештајот.

Ова, според стручњаците, е критично важно за сегашноста, но се истакнува оти може да има и долгорочни последици во иднината.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан