• петок, 22 ноември 2024

Истражување: Газираните сокови се штетни за црниот дроб

Истражување: Газираните сокови се штетни за црниот дроб
Бостон, 16 ноември 2021 (МИА) - Црниот дроб ги филтрира штетните материи од телото и затоа неговото здравје е од исклучителна важност за човекот. Кога станува збор за оштетување на црниот дроб, обично веднаш се помислува на алкохол, но истражувањата покажаа дека овој орган има значително поголема штета од други, можеби и попопуларни напивки... Имено, тоа се засладените газирани пијалаци. Истражувањето е на здравствените стручњаци од американскиот Медицински универзитет на Бостон, а трудот е објавен во списанието „Clinical Gastroenterology and Hepatology“. Во новообјавениот заклучок, научниците посочуваат дека набљудувале учесници со просечна возраст од 63 години и 48 години. Нешто повеќе од половина учесници биле жени. Доброволците пријавиле колку често пијат засладени газирани сокови, па резултатите говорат дека „неалкохолниот“ мастен црн дроб може да предизвика цироза на самиот орган, но и бенигни проблеми, како што е зголемен црн дроб. Неалкохолниот стеатохепатитис може да се спречи со исфрлање на засладените пијалаци од исхраната. За често консумирање се смета сè она - меѓу еден и повеќе пијалаци на ден. И луѓето кои само повремено пијат засладени пијалаци - што значи еднаш месечно или помалку од еднаш неделно, исто така имале малку повеќе насобрани масти во црниот дроб од луѓето кои не пијат такви напитоци.  си/

Остани поврзан