• петок, 05 декември 2025

Историски рекордна фреквенција на ГП „Блато", за шест месеци минати над 574 илјади патници

Историски рекордна фреквенција на ГП „Блато

Дебар, 7 јули 2025 (МИА) - Во првите шест месеци од годинава, историски рекордна фреквенција е регистрирана на граничниот премин "Блато" на македонско - албанската граница кај Дебар.

-На овој премин, во периодот јануари  - јуни вкупниот проток на патници изнесува 574.737 што е за 55 отсто повеќе споредено со истиот период минатата година, кога се регистрирани  370.827 патници, изјави за МИА, Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Гледано одделно македонски државјани оствариле влез/излез вкупно 142.660, за разлика од минатата година кога биле регистрирани 70.518.

Државјани на Република Албанија оствариле влез/излез во вкупен број од 397.096 наспроти 281.780 во првата половина од минатата година. Останатата бројка од 34. 981се државјани на други земји.

Граничниот премин "Блато" е отворен 1992 година, но поради лошата патна инфраструктура на албанска страна протокот беше мал.

Континуирано зголемувањето на протокот на патници и возила почна со пуштањето во употреба на автопатот "Патот на Арбр"(Руга е Арбрит), во ноември 2021 година, со што оддалеченоста од преминот до Тирана до средината на март изнесуваше 80 километри, што беше намалување на оддалеченоста за стотина километри.

Од средината на март годинава, кога беше пуштен за сообраќај мостот Муриз оддалеченоста е уште помала, па од Дебар до Тирана сега се стигнува за еден час. 

Македонските граѓани во Албанија патуваат најчесто за одмор, посета на роднини, но и за бизнис. Албанските граѓани, оние од пограничните места, кај нас доаѓаат, главно заради шопинг, посета на роднини, туризам и сезонска работа. вт/сст/
Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан