• понеделник, 23 декември 2024

Истекува рокот за аплицирање за граѓанските обврзници, банките очекуваат реализација на целата сума од Проспектот

Истекува рокот за аплицирање за граѓанските обврзници, банките очекуваат реализација на целата сума од Проспектот

Скопје, 3 ноември 2023 (МИА) - Процесот на издавање на втората емисија на граѓански обврзници е при крај. Граѓаните можат преку банките да поднесат барање најдоцна до понеделник, а аукцијата ќе се одржи во вторник, по што ќе следува постапката на запишување на обврзниците во Централниот регистар за хартии од вредност. 

Банките што ги контактираше МИА велат дека има интерес за втората емисија на граѓанската обврзница и дека следејќи го искуството од првата емисија, се очекува зголемување на интересот во последните денови пред аукцијата. Очекуваат реализација на целиот износ од Проспектот кој, како и за првата емисија, изнесува 600 милиони денари. 

- Интензитетот од ден на ден се зголемува со што се очекува во деновите до аукцијата повеќекратно да се зголеми. Компаративно земено, рокот за пријавување кај првата емисија беше пократок сметано во денови, но и тогашното искуство покажува дека најголем број од понудувачите аплицираа во последните три дена на дадениот рок. Земајќи предвид дека се работи за сигурен пласман со компетитивна каматна стапка за граѓаните, но и искуството од првата емисија, очекуваме реализација на целосната сума од Проспектот со можности и за дополнителен износ, велат од НЛБ Банка.

Согласно со мислењето добиено од Управата за финансиско разузнавање, а со заложби за изнаоѓање решение и од страна на Народната банка, надминат е проблемот во врска со непреченото користење н

И од „Комерцијална банка“ велат дека интересот е задоволителен и дека очекуваат износот на Проспектот да биде реализиран.

-Во однос на интересот за втората емисија во споредба со првата емисија, се забележува малку помал интерес на дневна основа, меѓутоа имајќи предвид дека вкупниот период за уплата од страна на граѓаните е подолг, за очекување е крајниот резултат да биде сличен како и на аукцијата за првата емисија на граѓанска обврзница, нагласуваат од „Комерцијална банка“.

И „Стопанска Банка“ АД Скопје е една од банките каде граѓаните може да поднесат барање за купување на граѓанските обврзници. Оттаму изјавија дека нивните филијали и служби за прием на барањата биле подготвени за втората емисија на граѓански обврзници што ја издаде Министерството за финансии.

- Конкретната реализација на сите досега заинтересирани учесници ќе се случи на денот на аукцијата, а за извршените уписи по добивање на повратниот одговор од издавачот, стои во краткиот одговор од „Стопанска банка“ АД Скопје.

Втората емисија на граѓански обврзници беше издадена на 18 октомври од страна на Министерството за финансии. Исто како и за првата емисија, така и за оваа емисија минималниот износ кој граѓаните можат да го вложат e 10.000 денари. Постапката е едноставна. Она што треба да го сторат граѓаните е да поднесат барање на шалтерите во банките за учество на аукцијата и да ги уплатат средствата во износ за кој сакаат да купат обврзници.

Владата  подготиви првични пакет мерки за најзагрозените сектори, како туризмот, угостителството и транспортот, со цел полесно справување со последиците од настанатата состојба поради коронав

Безризичен и сигурен инструмент што нуди повеќе придобивки

Од Министерството за финансии велат дека граѓанската обврзница како нов финансиски инструмент е доста успешен судејќи по интересот на граѓаните на првата емисија. 

- Интересот на граѓаните беше доста висок за време на првата аукција што покажува дека граѓанската обврзница го зазема своето место како начин за пласирање на заштедите на граѓаните, а исто така во моментот таа е инструмент на пазарот кој носи најголем принос за имателот, а воедно е и најсигурен. Аукциите на граѓанските обврзници се проектирани во сумата на ДХВ која Министерството за финансии планираше да ја издаде во текот на 2023 година, појаснува министерот за финансии Фатмир Бесими во изјава за МИА.

Буџетираните средства не се за на хартија, тие треба да се реализираат, за да може да се поттикне економската активност, изјави вечерва министерот за финанси, Фатмир Бесими, во гостување на Т

Бесими најавува дека оваа државна хартија од вредност и понатаму ќе се издава, како и останатите нови видови хартии од вредност кои се планирани со Стратегијата за развој на пазарот на капитал. 

Првата аукција на граѓански обврзници во земјата се одржи на 13 јули годинава. Проспектот, исто како и сега, беше во вредност од 600 милиони денари, но интересот беше многу поголем и беа запишани 2,5 пат повеќе средства, односно 1.448.030.000 денари.

Приносот од каматата за првата година во износ од пет проценти ќе биде исплатен на 14 ноември годинава, а за втората година, кога ќе биде исплатена и вложената сума, на 14 ноември 2025 година.

Билјана Анастасова-Костиќ

Фото: МИА архива

 

 
 

 
 

Остани поврзан