• петок, 22 ноември 2024

Иран тврди дека уапсил тројца осомничени шпиони за Мосад

Иран тврди дека уапсил тројца осомничени шпиони за Мосад
Техеран, 21 април 2022 (МИА) - Иран уапси тројца осомничени шпиони за израелската разузнавачка служба Мосад, јави денеска иранската новинска агенција Фарс, пренесе ДПА. Тројцата се уапсени во Захедан во југоисточен Иран. Наводно, тие препратиле тајни документи до израелската тајна служба. Нивната националност не е спомната во објавениот текст. Израел се смета за голем непријател на Иран од исламската револуција пред 43 години. Низ годините има многу извештаи за притворени, уапсени или егзекутирани Иранци, кои, наводно, работеле за Мосад или за ЦИА, пишува германската новинска агенција. Не може да се провери дали иранските тврдења се точни, со оглед на тоа што и апсењата и судењата се чуваат во тајност. бд/јт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан