Иран со официјално писмо се повлече од договорот за соработка со МААЕ
- „Оваа резолуција воопшто нема да ја промени моменталната ситуација, нема да биде корисна и е контрапродуктивна“, нагласи Наџафи, додавајќи дека „секако ќе има негативно влијание врз соработката што почна да се развива меѓу Иран и МААЕ“
Техеран, 20 ноември 2025 (МИА) – Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, изјави дека земјата испратила официјално писмо до Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) со кое се повлекува од билатералниот договор за соработка потпишан во Каиро, како одговор на денешната резолуција на Агенцијата, јавија британските медиуми.
Резолуцијата, усвоена денеска од страна на Одборот на гувернери на МААЕ, ќе има негативно влијание врз соработката меѓу Иран и МААЕ, изјави претходно иранскиот амбасадор и постојан претставник на Иран во меѓународните организации, Реза Наџафи, цитиран од француските медиуми.
„Оваа резолуција воопшто нема да ја промени моменталната ситуација, нема да биде корисна и е контрапродуктивна“, нагласи Наџафи, додавајќи дека „секако ќе има негативно влијание врз соработката што почна да се развива меѓу Иран и МААЕ“. сд/паг/
Фото: МИА архива